Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЗНАМ: Постигнат консензус за унапредување на законите за високо образование и наука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryt06pgslk1hdsfpRmGyt

Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски, како и координаторот на пратеничката група во Собранието, Бобан Карапејовски, остварија средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска во просториите на Министерството за образование и наука, стои во партиското соопштение.

— реклама —

Како што информираат од ЗНАМ, на средбата се разговарало за пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност.

— реклама —

Во рамки на разговорите, биле постигнати дополнителни појаснувања и формулации кои ќе бидат вградени во законските решенија. Особено внимание било посветено на прашањето за приватните високообразовни институции, при што, како што наведуваат, се допрецизира начинот на давање банкарска гаранција, стои во соопштението.

— реклама —

Од ЗНАМ во соопштението посочуваат дека е постигнат консензус и за критериумите за избор во звање, кои ќе бидат заострени. Во областа на лингвистиката, покрај базите „Веб оф сајнс“ и „Скопус“, ќе се зема предвид и базата „ЕБСЦО“.

— реклама —

Според партијата, предложените законски решенија претставуваат добра основа за натамошен развој на високото образование и науката, нагласувајќи дека овие области бараат континуирани инвестиции, унапредување и редовно прилагодување на законската регулатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryv26bage85i81acNzQvb

Претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода преминува во СДСМ

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 1 месец

media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања