СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихачка, велат од политичката партија ЗНАМ.
„Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување.
Истите тие што ја распродаваа Македонија парче по парче, ја понижуваа државата пред Софија, потпишуваа капитулантски договори, го нарушија македонското достоинство, го претворија судството во партиска експозитура, а тендерите во семејна каса, денес држат пресови за наводна корупција.
Колку очај треба да има во СДСМ која ја претвори државата во приватна каса на двоецот Заев-Филипче, да зборува за морал?
СДСМ свесно ја манипулира јавноста и намерно премолчува факти кои целосно ја разобличуваат нивната лажна конструкција за наводен „корупциски скандал“. Вистината е дека станува збор за законска, транспарентна и институционално водена постапка, во која иницијативата за измените е поднесена од компанијата ЛИДЛ, целата процедура е спроведена согласно закон, а сите документи и информации се јавнодостапни во системот е-урбанизам за увид на секој заинтересиран граѓанин.
Дополнително, СДСМ намерно премолчува дека за предметниот опфат постои важечки ДУП уште од 2010 година, што уште еднаш ја руши нивната очајна политичка конструкција базирана врз лаги и манипулации.
Но проблемот на СДСМ, не е ДУП-от. Проблемот на СДСМ е што во Куманово осум години наназад не функционира нивниот рекетарски модел на владеење. Куманово се развива, се гради и се менува. Се решаваат децениски проблеми, се модернизира инфраструктурата, се отвораат нови перспективи за граѓаните, се вложува во културата, спортот, образованието и урбаниот развој на градот.
Куманово чекор по чекор се претвора во модерен, европски град со визија, достоинство и реален напредок на секое поле. Дополнително, вечна болка им е Максим Димитриевски, човекот кој имаше храброст да им се спротивстави на штетните политики и националните понижувања, човекот кој што не им беше под контрола и не успеаја да го натераат да ги предаде македонските интереси за остварување на туѓи агенди и богатење на штета на државата и народот.
Токму затоа денес Венко Филипче, политичкиот мегафон на Софија во Скопје, се обидува со лаги и хајки да го прикрие сопствениот политички дебакл и распадот што му се случува во партијата. Филипче, човекот што молчи за фирмите во Петрич, за бизнис релациите во Бугарија и за економските интереси на структурите блиски до Заев, денес зборува за чесност. Каква дрскост.
Го прашуваме повторно:
-Зошто молчиш за POWER i8 Ltd.?
-Зошто молчите за фирмите поврзани со Заеви во Бугарија?
-Дали бугарофилската политика на СДСМ е креирана во интерес на вашите бизниси и капитал во соседна Бугарија?
-Дали затоа со години ја туркате тезата дека Бугарија „не го негира“ македонскиот идентитет?
-Дали затоа го прифативте францускиот предлог и ги погазивте македонските црвени линии?
Молкот на СДСМ за овие прашања е најголемото признание. Чесните членови и симпатизери на СДСМ препознаваат дека партијата одамна е заробена од луѓе, интересџии, кои Македонија ја користат како бизнис проект и политичка тезга за лични интереси и профит. Колку повеќе СДСМ шири лаги против Максим Димитриевски и ЗНАМ, толку повеќе народот гледа кој е исплашен. А вистината е едноставна, СДСМ не може да се помири што ЗНАМ прерасна во автентична македонска политичка сила која не потклекнува пред странски центри, не тргува со идентитетот и не ја распродава државата за лични и бизнис интереси.
Затоа нервозата кај Венко Филипче е огромна. Затоа СДСМ секојдневно тоне во параноја. Затоа раководството во Бихачка гледа непријатели насекаде. Движењето ЗНАМ ќе остане доследно на принципите на Илинден и АСНОМ, на страната на Македонија, македонскиот народ и националното достоинство и нема да дозволи државата повторно да биде туркана во период на политичка сервилност, национални отстапки и бугарофилски наративи што директно го поткопуваат македонскиот идентитет, јазик и историја“, се вели во реакцијата.