Промени тема
Контакт

Зошто Гренланд стана глобална жаришна точка: геополитиката зад амбициите на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library093onvuapom94fkfjSt

За само неколку недели, Гренланд од маргинална тема се претвори во едно од најжешките прашања на светската геополитика. Клучната улога во тоа ја има актуелниот американски претседател Доналд Трамп, чија отворена желба Соединетите Американски Држави да го преземат островот го постави Гренланд во центарот на глобалните тензии.

Климатските промени, новите поморски рути, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО одамна го прават најголемиот остров во светот простор каде што се преклопуваат интересите на големите сили, регионалните актери и локалното население. Но, со најавите од Вашингтон, Гренланд прерасна во потенцијална кризна точка што може сериозно да го наруши трансатлантското сојузништво.

— реклама —

Трамп неодамна отворено им се закани на сите држави што се противат на идејата за американско преземање на Гренланд, доведувајќи го во прашање и суверенитетот на Данска. Тој изјави дека фактот што Данците пристигнале на островот пред 500 години не им дава право на сопственост, оценка што предизвика силни реакции во Европа.

Правниот и историскиот контекст, сепак, оди во корист на Копенхаген. Данскиот суверенитет над Гренланд не е резултат на класична колонијална доминација, туку на долг континуитет на дипломатски и правни одлуки. По распадот на данско-норвешката круна во 1814 година, Данска ја задржала контролата над островот, а во 1933 година Постојаниот суд во Хаг ги отфрлил норвешките барања за источен Гренланд. Денес, островот е дел од Кралството Данска, но со широка автономија, сопствен парламент, официјален јазик и контрола врз природните ресурси.

— реклама —

Жителите на Гренланд на референдуми одлучиле да ја задржат врската со Данска, но со зголемена самоуправа, што претставува геополитички компромис: Данска обезбедува безбедност и меѓународен статус, а Гренланд ѝ носи арктичко влијание и пристап до глобалните форуми. Како што истакнува норвешкиот експерт за одбрана Пал Сигурд Хилде, правниот легитимитет на Данска е исклучително цврст и редок во арктичкиот простор, поради што островот со векови не бил предмет на сериозен спор.

Паралелно со американските амбиции, расте и отпорот на Гренланѓаните и Данците. Во неколку дански градови, како и во главниот град Нуук, се најавени протести против идејата за преземање на островот, со порака за почитување на демократијата и основните човекови права.

За Данска, Гренланд претставува клучна геостратешка полуга. Со островот, земјата учествува во арктичките безбедносни планови на НАТО и во глобалните климатски дебати, што ѝ дава „стратешка длабочина“ каква што ретко ја имаат малите држави. Иако годишната субвенција за Гренланд изнесува околу 500 милиони евра, во Копенхаген таа сѐ почесто се гледа како цена за геополитичка релевантност, а не како социјален товар.

— реклама —

И Европската Унија сѐ поинтензивно го гледа Гренланд како стратешки партнер, особено поради потенцијалот за ретки метали неопходни за зелената транзиција и намалување на зависноста од Кина. Дополнително, топењето на мразот на Гренланд игра клучна улога во диктирањето на климатските промени во Европа, што го прави островот своевидна климатска предстража.

Од американска перспектива, Гренланд е незаменлива точка за одбраната на северниот Атлантик и континенталните САД. Контролата врз т.н. GIUK-празнина – просторот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство – е од суштинско значење за поморскиот и воздушниот сообраќај и за радарската и противракетната одбрана.

— реклама —

За самите Гренланѓани, растечката геостратешка важност на островот носи и можности и ризици. Потенцијалниот американски протекторат би можел да донесе инвестиции и економска самостојност, но отвора дилеми за долгорочната политичка контрола. Како што предупредуваат аналитичарите, жителите на островот сакаат независност, а не замена на една метропола со друга.

Во услови на зголемени глобални тензии, Гренланд денес се појавува како лабораторија на идната геополитика, место каде што истовремено се судираат климатските, безбедносните и ресурсните интереси на големите сили. Големото прашање што останува е каква цена ќе плати трансатлантското сојузништво доколку борбата за Арктикот дополнително се заостри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања