Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Звук што расте“ - Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-librarygbog840c39fo2Ms71fK

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со дела од  македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето.

— реклама —

Концертот  под мотото „Звук што расте“  се одржа вчеравечер на „Охридско лето“  донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро Иван Еминовиќ, а солисти Памела Велкова на виолина и Христијана Матевска на хармоника.

— реклама —

Според маестро Еминовиќ, голема е честа на да се соработува со Музичката младина на Македонија, особено на ваков јубилеј.

media-library74vq563nks0d0tJEt8K

-Чест е да се работи со овие млади музичари кои се врвни во својата дејност. Јубилејот ќе биде одбележан со три  концертни вечери,  во  Охрид и во наредните две вечери,  во Битола и Скопје. Ќе дадеме одлични концерти за да го одбелележиме достојно овој  јубилеј, рече диригентот Еминовиќ кому ова му е четврта соработка со оркестарот на МММ.

— реклама —

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија  е основан  како прв  сегмент на Летниот музички  камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш  повеќе од 400 млади музичари биле дел  од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ.

media-libraryet1ir5vpe2lf6JovvbG

Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

media-libraryj923m7rsm4qebs02HbE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 2 месеци

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 2 месеци

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 2 месеци

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања