Промени тема
Контакт

14 пожари на отворен простор до 13 часот, пет сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N
unsplash / Илустрација

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати.

— реклама —

Најголем активен пожар е на територијата на општините Студеничани и Зелениково, на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Горнo шумска вегетација.

— реклама —

Активен пожар има и во Општина Македонски Брод, кај селото Драгов Дол, на местото Видуш и во близина на Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во Општина Илинден се регистрирани два активни пожари – кај Логистичкиот центар на КАМ и во селото Бујковци, каде што гори ниска вегетација. Активен пожар има и во Општина Сарај, во селото Бојане, каде што гори шума.

— реклама —

Пожарот во Општина Кичево, кај селото Тајмиште, на местото Дарда, е ставен под контрола. Таму гори високостеблеста букова шума.

Во текот на денот се изгаснати осум пожари. Тие биле регистрирани во Струмица, Василево, Делчево, Куманово, Јегуновце, Гостивар и Врапчиште, а горела ниска вегетација, шума и отпад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 седмица

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања