Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

1.600 хектари под пламен во Белгија: Три хеликоптери и два канадери пристигнаа од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarym294j99o9llg2LG9cH3
unsplash

Белгија побара итна помош од Европската Унија во борбата со големиот шумски пожар што со денови беснее во природниот резерват Хоес Фањ, на истокот од земјата. Во одговор на барањето, европските земји испратија три хеликоптери и два канадери за да помогнат во ставањето на огнот под контрола.

— реклама —

Пожарот во најголемиот природен резерват во Белгија избувна во петокот, а досега изгореле околу 1.600 хектари, според податоците на гувернерот на провинцијата Лиеж, што ги пренесуваат локалните медиуми.

— реклама —

Станува збор за најголемиот регистриран пожар во Белгија досега, надминувајќи го пожарот од 2011 година, кога беа зафатени речиси 1.400 хектари.

Во гаснењето се вклучени локални пожарникари, земјоделци и припадници на армијата, кои се обидуваат да го спречат натамошното ширење на огнот. За интервенциите се користи и вода од локалните езера.

— реклама —

Авионот и хеликоптерите испратени преку механизмот на ЕУ пристигнале од Чешка, Шведска и Холандија. Европската комисија го координира распоредувањето дополнителни ресурси кога земја членка ќе побара итна помош.

— реклама —

Пожарот избувна во услови на исклучително топло и суво време, откако голем дел од Европа е погоден од петтиот топлотен бран годинава. Научниците предупредуваат дека климатските промени придонесуваат за создавање услови во кои шумските пожари полесно се шират и траат подолго.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pusenje

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите на кафулињата и рестораните

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryb4bbeqlpjvl50Tc27kd

Студентските протести во Белгија ескалираа: Пожари, искршени излози и над 100 уапсени

Свет | пред 1 месец

toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 2 месеци

media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања