Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

17. ден протести во Албанија: Студентите и граѓаните бараат оставка од Еди Рама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Балкан
media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

Незадоволството од албанската влада и политичката класа и натаму ги изведува граѓаните на улиците во Тирана, каде што студентите, младите и претставниците на граѓанското општество 17. ден по ред протестираат пред зградата на Советот на министри.

— реклама —

Денешните демонстрации во главниот град на Албанија поминаа мирно, без пријавени инциденти и судири со полицијата. На студентите им се придружија и универзитетски професори и претставници на граѓански организации.

— реклама —

Протестот започна во близина на албанскиот парламент, каде што полицијата постави метални огради за обезбедување на просторот. Потоа демонстрантите се упатија кон Министерството за образование, а на крајот повторно се собраа пред зградата на владата.

— реклама —

Повеќе од две недели демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама. Иако тој повеќепати ги повика студентите на дијалог, тие ја одбија поканата и останаа на барањето за негово заминување од власт.

За разлика од некои претходни собири, кои беа проследени со судири и насилство, последните демонстрации поминаа без тензии. Засега нема договор меѓу владата и демонстрантите за почеток на разговори, а протестите продолжуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-1

Нов инцидент во албанскиот парламент, опозицијата ја блокираше говорницата и запали факели

Балкан | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryuh4aononqcnk75LcjPY

Албанија воведе казни до 5.500 евра за насилство на протестите

Балкан | пред 1 ден

media-librarybrt0q4caab0begsaNQd

(Видео) Хаос во Тирана: Запалени владини објекти, полицијата со солзавец, водени топови и гумени куршуми

Свет | пред 5 дена

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

Осум лица повредени за време на антивладините протести во Албанија

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања