Промени тема
Контакт

24 пожари се изгаснати, пет се под контрола, два остануваат активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs
unsplash

Во Македонија во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои два и натаму се активни, пет се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

До 7:30 часот денеска активни остануваат пожарот во атарот на скопското село Грачани, во општина Ѓорче Петров, кој се протега и на територијата на Косово и зафаќа шумски предел, како и пожарот кај селото Белица, во месноста Кајорец во општина Македонски Брод, каде што гори борова шума.

— реклама —

Под контрола се ставени пет пожари. Во општина Струга пожарот се движи на потегот Буринец–Локов–Селци, каде што е зафатена нискостеблеста шума. Под контрола е и пожарот кај Копаница во општина Сарај, со нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Пожар е ставен под контрола и во месноста Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево, каде што гори мешана шума. Во Кратово под контрола е пожарот на депонијата, како и пожарот на градската депонија во Делчево.

— реклама —

Во текот на деноноќието се изгаснати вкупно 24 пожари на различни локации низ земјата.

— реклама —

Интервенции имало во општините Сарај, Гази Баба, Арачиново, Сопиште, Новаци, Битола, Струмица, Радовиш, Дојран, Струга, Македонски Брод, Градско, Лозово, Виница, Кочани, Куманово, Липково, Теарце, Желино, Гостивар и Маврово и Ростуше.

Најчесто гореле ниска вегетација, нискостеблеста и мешана шума, стрништа, грмушки и отпад, а во дел од случаите биле зафатени депонии и борови насади.

— реклама —

Меѓу изгаснатите пожари се оние кај Копаница и Горна Арнакија во Сарај, во Стара Комуна во Гази Баба, на депонијата во Грушино, кај Барово во Сопиште, Тепавци во Новаци, како и на повеќе локации во Струмица, Радовиш, Дојран, Струга, Македонски Брод, Градско, Лозово, Виница, Кочани, Куманово, Липково, Теарце, Желино, Гостивар и на планината Бистра.

ЦУК продолжува да ја следи состојбата со пожарите и ги координира надлежните институции и служби на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 2 седмици

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања