Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

29 мостови и 15 тунели: Интензивно напредува изградбата на пругата Скопје – Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryg1djl382hiu32OaAcgH

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се одвива со засилена динамика, а според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, станува збор за еден од најголемите и најсложени инфраструктурни проекти што се реализираат во Македонија.

„Интензивно се гради пругата Скопје – Софија. Втората делница претставува вистински градежен и инженерски подвиг“, истакна Николоски.

— реклама —

Проектот опфаќа изградба на три нови железнички станици – во Романовце, Кратово и Гиновце, како и 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.

Според Николоски, комплексноста на теренот и обемот на градежните зафати ја прават оваа делница една од најпредизвикувачките инвестиции во железничката инфраструктура во државата.

— реклама —

„Станува збор за исклучително предизвикувачки проект кој има огромно значење за регионалното поврзување и развојот на транспортната инфраструктура“, нагласи тој.

— реклама —

Со изградбата на железничкиот Коридор 8, Македонија треба да добие директна железничка врска со Бугарија, што ќе придонесе за подобра поврзаност, побрз транспорт на патници и стоки и засилување на економската соработка во регионот.

„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања