Промени тема
Контакт

335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym9b6asjic0nj0nfgzBL

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

— реклама —

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.

— реклама —

Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.

Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.

— реклама —

Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.

Учениците си заминаа, носејќи со себе убави спомени од еден необичен училишен ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 3 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања