Промени тема
Контакт

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека одлуката да ја помилува 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас била донесена поради долгогодишното семејно насилство на кое, според неа, жената била изложена.

— реклама —

Јакупи поминала 17 и пол години во затвор поради убиството на својот сопруг. Сиљановска-Давкова посочи дека повеќепати ги разгледала околностите на случајот и дека, иако станува збор за сурово убиство, не може да се занемари фактот дека Јакупи повеќе од 35 години трпела континуирано насилство.

„Многупати го прочитав делото. Се работи за сурово убиство, но веројатно јавноста знае дека таа жена била подложена на продолжено насилство повеќе од 35 години. Мислев дека јас како жена морам да имам разбирање за еден живот што од утро до вечер бил исполнет со насилство“, изјави претседателката.

— реклама —

Таа нагласи дека претседателската функција ѝ овозможува да донесе одлука за помилување и оцени дека Јакупи, како жена, мајка и сопруга која, според неа, целиот живот била изложена на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода.

— реклама —

„Многу би сакала крајот на животот или староста да го доживее на слобода. Мислам дека го заслужува тоа“, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката додаде дека Јакупи е меѓу лицата кои долго време издржувале затворска казна.

„Таа е човечко суштество, отслужила многу, а мислам дека од мене заслужува разбирање. Мислам дека секоја друга жена на моето место, како претседателка, би го сторила истото“, порача Сиљановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања