Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски, Обвинителството бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjod02qkgujqccUTgaFJ
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, осомничен дека преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека 39-годишникот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата на РСМ“, соопштија од Обвинителството.

— реклама —

Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

При барањето притвор, Обвинителството ги ценело околностите под кои е извршено делото и ризикот од бегство, но и претходното поведение на осомничениот.

— реклама —

Според ОЈО, тој се јавува како извршител и на други кривични дела од областа на насилниот криминал, меѓу кои насилство и лихварство, а има и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

— реклама —

„Станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува“, наведуваат од Обвинителството.

За предлогот на обвинителот за определување притвор треба да одлучи судија на претходна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 1 ден

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања