Промени тема
Контакт

44 кривични пријави и милијарди под истрага – годишен биланс на Финансиската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarylo5ktri7hsu5ehmSTI4

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против финансискиот криминал, при што со истраги биле опфатени над 3,36 милијарди денари јавни средства.

Според Ивановски, институцијата работела фокусирано, со јасно утврдени приоритети и со целосна посветеност кон заштита на јавниот интерес. Тој нагласи дека професионалниот пристап и ангажманот на вработените резултирале со видливи ефекти во заштитата на јавните финансии и јакнењето на владеењето на правото.

Во текот на годината, Управата за финансиска полиција поднела 44 кривични пријави против вкупно 206 лица, од кои 147 физички и 59 правни лица. Преку спроведените постапки е утврдена штета од речиси 3 милијарди денари, како и противправна имотна корист од над 400 милиони денари, што, според податоците на институцијата, претставува значителен финансиски удар врз незаконските практики.

— реклама —

Покрај оперативната работа, Ивановски посочи дека посебен акцент бил ставен и на јакнење на институционалната и меѓународната соработка, при што поддршката од меѓународните партнери и координацијата со домашните институции придонеле за зголемување на капацитетите и зацврстување на позицијата на Финансиската полиција како кредибилна и доверлива институција.

— реклама —

Директорот истакна дека во изминатиот период било постигнато и подобрување на условите за работа на вработените, вклучително и зголемување на платите, како и набавка на нова опрема и средства. Според него, овие чекори претставуваат значаен мотивирачки фактор за поголема ефикасност и професионалност во извршувањето на задачите.

Ивановски нагласи дека Управата за финансиска полиција работи врз принципот на неселективна правда, потенцирајќи дека институцијата мора да остане отпорна на какви било влијанија и целосно посветена на јавниот интерес. Тој порача дека лично ја презема одговорноста Финансиската полиција да функционира со висок степен на интегритет и транспарентност.

— реклама —

Во однос на идните активности, директорот најави дека во 2026 година институцијата ќе продолжи уште поодлучно, со засилени истраги, поголема институционална координација и јасен фокус на заштита на јавните финансии и владеењето на правото, нагласувајќи дека борбата против финансискиот криминал и корупцијата останува врвен приоритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања