Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура. Велес станува подобро место за живеење“, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfa2nui91fthu6Vw9kcs

Владата преку Министерството за транспорт инвестира околу девет милиони евра во инфраструктурниот развој на Општина Велес, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општината.

— реклама —

Заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Марко Колев, Николоски изврши увид во повеќе проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Владата и Министерството за транспорт.

— реклама —

Според Николоски, средствата се обезбедени преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проект што се реализира со поддршка на Светска банка.

— реклама —

Тој информираше дека во моментов започнува реконструкцијата на две улици, додека една веќе е завршена. Во рамки на соработката со Светска банка, како што посочи, досега се реализирани три инфраструктурни проекти во вредност од околу половина милион евра, меѓу кои се улиците „8-ми Мај“, „Љубљанска“ и „Луј Пастер“. Дополнително, неодамна е завршена и зградата со социјални станови.

— реклама —

Николоски истакна дека Владата ќе продолжи со поддршката за Општина Велес и најави нови инвестиции и проекти во наредниот период, во соработка со локалната самоуправа и останатите надлежни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања