Скопје

Ќе се набават еколошки автобуси за 12 милиони евра

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, соопшти Владата.

– Вкупниот износ на проектот е 12 милиони евра, од кои 10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБОР, додека 2 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЈСП Скопје. За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, стои во соопштението.

Од Владата додаваат дека одлуката е донесена тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот. Со предвидената набавка се планира да се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток