Македонија

(ФОТО) Срушен и последниот силос од бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини

Полека но сигурно власта става ред со дивоградбите

Го снема и последниот силос од добро познатата бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини.

Полека но сигурно, со многу тешкотии , пречки и опструкции државата почна да става ред во хаосот со дивоградбите и денес ја гледаме сликата која до пред некој месец беше незамислива, посебно ако се има предвид дека политичарите со децении во Македонија важеа ( и повеќето сеуште важат ) за недопирлива категорија на граѓани кога е во прашање спроведувањето на законите.

Клучна улога во борбата за справување со дивоградбите и спас на Охрид и езерото имаа дел од медиумите од Скопје и Охрид кои скоро две години непрекинато алармираат и укажуваат дека состојбата со дивоградбите  во Охрид е алармантна и неодржлива и едноставно мора да биде променета.

 ЕКОЛОГИСТИТЕ СТАНАА ПРОДУКЦИЈА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ

Секако дека не треба да се занемари и придонесот на еколошките организации, пред се на оние кои официјално постојат и се регистрирани како субјекти, но неодминливо останува горкиот впечаток дека поедини организации преминаа во пропагандни Фејсбук гласила кои почнаа дури и да шират лажни вести.

Таков е случајот со Охрид СОС кои објавија лажна вест за советникот Нефи Усеини, постирајќи на Фејсбук булдожер и тврдејќи дека тоа е механизацијата на Нефи која вадела песок од езерото за потребите на бетонската база, што се покажа како неточно, беше демантирано од семејството Усеини , а Охрид СОС не се извини за ова ширење лажни вести.

Со ова не само што го поткопаа процесот на обелоденување на вистината за проблемите со екологијата и дивоградбите туку ја доведоа во прашање и досегашната релевантност на тоа што го објавувала оваа непостоечка организација која дејствува на Фејсбук, а не се знае кој се лицата кои во име на Охрид СОС постираат, напаѓаат и обвинуваат во јавноста.

Акција за отстранување на  бесправно поставена урбана опрема, шанкови и објекти од плажите, хотели и објекти  на самото крајбрежје, започна во месец јуни. Акцијата ја спроведува Општина Охрид со полициска асистенција. Акцијата продолжува есенва, а Општина Охрид е категорична дека во спроведување на истата нема селективност.

На почеток