Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Европратениците рекоа дека ни се потребни реформи на секое поле

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како дел од собраниска делегација учествува на настанот „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграција на Западниот Балкан во регионален поглед во Брисел“.

Мицевски во Брисел остварил повеќе средби меѓу кои со европрениците: Алојз Петерле, Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Иво Вајгл и Рајнхард Бутихофер, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„На средбите се разговараше за евроинтеграцискиот пат на Република Македонија, при што од европратениците беше посочено дека за членство во ЕУ ни се потребни вистински реформи на секое поле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата појаснува дека европратениците ја посочиле потребата од реформи во правосудството и јавната администрација, како и во безбедносните служби. Заемно заклучиле дека борбата против криминалот и корупцијата е исто така важен сегмент во насока на нашите евроинтеграции.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток