Вчера на улицата Христо Татарчев во скопската населба Припор дошло до одронување на земјиштето, при што биле потрупани двајца работници, од кои едниот починал, соопшти полицијата.
„Ѓ.Ѓ (57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.