Македонија

Притвор за двајца разбојници кои ограбија и претепаа жена во Кривопаланечко

Основното јавно обвинителство од Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Како што информираат оттаму, осомничените на 16 октомври минатата година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка и физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и обраќајќи и се со зборовите „каде се парите“.

Притоа, со употреба на сила и сериозна закана од жената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.

Против двајцата осомничени, Основното јавно обвинителство Куманово до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор.

Судијата со решение го уважил предлогот на обвинителството и определил притвор за двајцата осомничени во времетраење од 30 дена.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток