Регионалниот центар за гранични работи Југ го расчистил настанот од 23 овој месец кога беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.
„По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело ‘оштетување туѓи предмети’ е Б.М.(36) од сeлото Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело“, соопшти полицијата.
Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.