Актуелно

Владимир Ѓорчев: Во Македонија се случува политички реваншизам, терор и економски колапс

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во своето гостување на телевизија Сител во однос на спроведувањето во затвор на Гордана Јанкуловска во затворот „Идризово“ истакна дека тоа е шарада на власта во која премиерот и министрите се возат во истиот тој мерцедес, а Македонија во моментот ги живее најтешките економски социјални и здравствени здравствени моменти во својата историја.

„Видете тоа е шарада на власта во која што премиерот и министрите се возат во истиот тој мерцедес кој што нели ќе го продаваа и ќе ги донираа средствата не излегоа од тој мерцедес а истовремено и имаме најголема рецесија во Македонија, 40 илјади луѓе останаа без работа во исто време 1 килограм грозје во Кавадарци е 2 денари, внимавајте тоа значи за 200 денари добивате 100 килограми грозје за 2.000 денари еден тон грозје ова никогаш го немало во Македонија‘‘ истакна Ѓорчев

Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во Македонија имаме политички реваншизам и нарачани пресуди од власта.

„Главната порака е дека било кој од СДСМ што сака може да направи, за се е покриен, макар и да става пари во торба а било кој што е од ВМРО-ДПМНЕ било како, по секоја цена ќе оди во затвор. Значи јасно е дека имаме политички нарачани пресуди од власта до судството и дека имаме една катастрофална состојба, имаме ситуација каде што десетици и десетици луѓе се во затвор и имаме една ситуација која што е среќна нова 49 година‘‘, истакна Ѓорчев.

Владимир Ѓорчев посочи дека во Македонија за Уставни судии се наградуваат личности кои што остварувале политички нарачани пресуди.

„Имаме ситуација каде што за Уставен судија се наградува личност која што затвори 30-тина луѓе внимавајте за тероризам за 300 години. Значи имаме ситуација во која што вечерва десетици и десетици деца ќе бидат без нивните татковци затоа што некој од власта нарачал нивна пресуда. Имаме садизам кој што ни се случува во Македонија‘‘ посочи Ѓорчев

Во однос на предлогот за назначување на Добрила Кацарска за уставен судија Ѓорчев нагласи дека според него не е во ред да се гази врз човечки судбини со цел да се направи кариера во Уставен Суд.

„Јас да сум на местото на Добрила Кацарска не би можел себеси во огледало да се погледнам. Мислам дека не е во ред човек да гази преку човечки судбини да уништува десетици семејства со пресуди од 10 ,15, 18 години за да направи кариера во Уставен СУД. Затоа што на крајот на краиштата сите ние треба да живееме во оваа држава. Ваков жесток терор Македонија не памти, мислам дека Македонија ги живее најсрамните моменти последниве 70 години‘‘, истакна Ѓорчев

Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев Македонија ги живее најтешките економски социјални и здравствени моменти.

„Македонија ги живее економски најлошите моменти каде што нашите деца не можат ни во школо да одат, заради неспособноста на власта, една нова фабрика немаме истовремено власта има потрошено 15 милијарди евра откако Зоран Заев е премиер и ништо не е изградено. Македонија едно време беше место каде што секој втор месец се отвораше фабрика, или нова зграда или нов објект или нова спортска сала сега огромни пари се потрошени, буџетот ни е  20 -30 проценти поголем  а ништо не е изградено тоа значи дека во моментот во Македонија има ужасна корупција, по сите параметри сме убедливо најлоши во Европа. Гледате што се случува и со корона кризата имаме 730 починати најлоши на Балканот сме“, заклучи Ѓорчев.

На почеток