Македонија

Венко Филипче: Не ми недостига операционата сала, уживам во Министерството

Министерот за здравство Венко Филишче вели дека ужива во новата работа во Министерството.

„Досега спасував животи и ме исполнуваше таквата работа. Операционата сала во моментов не ми недостига. Сега ме исполнува работата во Министерство, на терен, верувам цврсто дека може да успееме и да направиме промени на подобро за целокупното здравство во Македонија. Цврсто сум убеден дека имаме шанси да го подобриме нашиот здравствен систем, а со влезот на Македонија во ЕУ и НАТО со сигурност ќе обезбедиме европско и квалитетно здравство за сите.“  – вел Филишче во интервју за порталот „Охрид1“

Венко Филипче е именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток