Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов откако се најде на мета на критики, откако се појави ведеото како тој игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето, во изјава за „Независен“ признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.
„Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“.
„Да, тоа е гаф“ – Шилегов се покаја
Од
Објавено на