69 годишниот францускиот актер Жерар Депардје е сослушан во полициска станица во рамки на истрга која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори.
Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз.
Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор.
„Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување, изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент“.
Обвинувањето против Депардје е едно во низа такви обвинувања кои ја погодиле филмската индустрија ширум светот посебно после сексуалниот скандал со американскито продуцент Харви Вајнштајн.
Жерар Депардје обвинет за силување и злоставување на колешка
Од
Објавено на