Македонија

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Висок процент на исполнителност е евидентирана во сите четири принципи на отвореност: пристапност, ефикасност
интегритет и транспарентност, а најдобри резултати имаме во делот на транспарентноста на буџетот, јавните набавки, јавните консултации и организациските информации.

И понатаму ќе продолжиме да одржуваме високо ниво на транспарентност и редовно да споделуваме информации кои се во интерес на јавноста, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

На почеток