Македонија

(ВИДЕО) Продолжува голготата на граѓаните пред банките

Продолжува голготата на граѓаните пред банките. Редици и утрово пред сите банки, но се чини најхаотично пред Охридска банка и денеска.

Вчера Охрид 1 информираше дека маж изгуби свест чекајќи да доде на ред пред Охридска банка. По објавата грст коментари од револтирани граѓани. Тие потврдуваат дека за да се заврши работа во банка граѓаните треба да земат одмор и дека се крајно незадоволни затоа што како што велат и покрај гужвите пред објектот внатре работи само еден шалтер кој треба да ги задоволи потребите на сите. Има и коментари кои велат дека овие гужви ќе го донесат кластерот „банка“ во Охрид, затоа што и покрај тоа што има редари, многу често граѓаните изреволтирани се туркаат еден во друг, што е крајно недозволиво во време од пандемија.

Денеска, после немилиот настан пред овој објект кој се случи вчера, повторно иста слика. Редици во недоглед. Прашање е дали граѓаните ќе успеат да завршат работа во текот на работниот ден?

Но, наместо да превземе конкретни активности за да ја поправи грешката,  полицијата денеска се обиде да го спречи сопственикот на Охрид 1 да си ја заврши својата работа. Тие се обидоа, да го спречат во снимањето на редовите. Тројцата полицијци пак најпрво го идентификуваа, па запишаа, за на крај да му кажат дека не смее да се снима банката.

На ова соспрвеникот на Охрид 1 категорично им кажа:

  • Може да ми се заканувате, но никогаш нема да ме спречите да ги снимам маките на народот пред банката.

Инаку Охридска бана иако има најмногу коминтенти изминатиов период затвори дел од филијалите во центарот на градот, со што целата работа се слеа во централниот објект што доведува до вакви ситуации.

На почеток