Македонија

Георгиески: Лично не би поддржал промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година

На дневен ред на денешната седница на совет е ставена точката за поскапување на водата. Станува збор за точката која е за спроведување на одлуката од регулаторна комисија. Законот за водоснабдување е дециден дека градоначалникот е должен во рок од 60 дена да започне постапка за давње согласност на одлуката која ја донесла регулаторна комисија.

„Ние имаме решение од регулаторна комисија од седми месец годинава. И јас едноставно сум должен да започнам постапка да ја ставам на совет, а советот да се изјасни дали ќе даде согласност во однос на тоа решение или не. Доколку советот не даде согласност, следниот чекор од законот е дека во рок од 150 дена после објавувањето, регулаторна комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за донесување на регулаторна тарифа а тоа ќе мора да се спроведува“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот го соопшти и својот личен став по однос на ова прашање, кое изминатиот период крена голема „прашина“, кај охриѓани.

„Не би поддржал јас промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година. Цаната на водата треба да ја регулира советот на општината, а не регулаторна комисија. Но, затоа што бев обврзан со закон точката ја ставив на дневен ред и им сугерирам на советниците да не ја прифатат“, вели Георгиески.

Градоначалникот додава дека регулаторната комисија носи решенија за секој град посебно.

„Веројатно ќе добиеме ново решение од регулаторна, затоа што таков е законот, во моментов. И други општини имаа ваков проблем. Според сегашниот начин можеби е подобар, затоа што со фиксниот надоместок партиципираат во решението и сите оние кои не користат вода и имаат викенд станови. А доколку го немаме тој фиксен надоместок ако цената е сега 43 денари за кубик, тогаш ќе биде 60, затоа што ќе го немаме фиксниот надоместок и ќе плаќаме само ние охриѓани“, истакна градоначалникот.

На почеток