З.С.(72) од скопското село Ракотинци вчера пијавил дека на 01.12.2018 година во периодот од 12.00 до 13.00 часот бил измамен од две непознати лица за сума од 11.400 денари.
Според пријавата, лицата му се доближиле на улица „Христо Татарчев“. Едното лице се претставило дека е од Македонија, а другото од Норвешка. Лицето што се претставило дека е од Македонија му кажало дека имале сообраќајна незгода и дека треба да му даде пари на странецот. Му побарало пари за да му покаже на странецот затоа што тој не ги разликувал македонските пари, а како гаранција му оставил часовник со жолта боја кој наводно чинел 70.000 денари, информираат од МВР.
Пријавителот му ги дал парите, а лицата си заминале и му рекле да ги причека. Откако поминал еден час пријавителот сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.