Македонија

Судијата Шабани за „Талир“: Еве ви го цедето од судењето, пуштете им го во Стразбур, слободно, нека гледаат. Јас ќе си донесам моја одлука

Горанчо Ангеловски од Петровец денеска сведочеше во случајот „Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ , објави СДК.МК.

„Кој ви ги даде овие пари?“, го праша обвинителката Ленче Ристоска.

„Од штабот ми ги дадоа, беа тоа пари од собрана членарина. Поимот штаб подразбира општински штаб”, одговараше тој на прашања.

Ристоска му ги предочи уплатниците во оригинал.

„Да, сумата е моја, а потписот не“, искоментира сведокот.

Одбраната забележа дека нивни приговор не им го внесува судијата во записник и оти ваквиот начин на водење на постапката, ќе заврши во Стразбур.

„Еве ви го цедето од судењето, пуштете им го во Стразбур, слободно, нека гледаат. Јас ќе си донесам моја одлука, законита“, рече судијата Шабани.

Во случајот „Талир″ за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која призна вина и доби условна затворска казна.

Текстот во целост на: СДК.МК

фото: Архива

На почеток