Рушење и дивеење без правна аргументираност, без информирање на сопствениците и покрај фактот дека им е даден рок приколките да ги дислоцираат до крајот на февруари е вандализам, револтирано реагираат од Здружението на граѓани и кампери на езеро Треска, објави Телма.
Тие ги повикаа надлежните институции, МВР и Обвинителството да не молчат и конечно да реагираат на терен.
Побараа средба со премиерот Заев во спротивно ќе излезат на протест пред Влада.
“Видовме што се случи со Матка. Никој ништо не му може на тој локален шериф. Исто ќе се случи и овде. Премиерот Заев рече дека нема да дозволи локални шерифи да владеат, меѓутоа еве се уште владеат. Ние се надеваме дека Премиерот ќе прифати или службите негови, затоа што ако не го прифати во среда или во четврток ќе организираме протест пред Влада. Ако треба и приколки ќе оставиме пред Влада за да видат со каков проблем ќе се соочуваат понатаму. Велат дека повеќето немаат добиено ниту решение дека треба да се селат, само 50 – 60 приколки имаат добиено такво решение” – вели Петре Неделковски од здружението на граѓани и кампери на езеро Треска.
Текстот во целост на: Телма.
Фото: PRTSC ТЕЛМА