Свет

Од денеска карантин за граѓаните без негативен ПЦР-тест за влез во Бугарија

Од денеска до 30 април, бугарските државјани кои влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.

Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства.

Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот кој ќе биде извршен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство, пренесе БГНЕС.

фото: МИА

На почеток