Слајдер

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и корупција, исплашени се од прочистување на судството затоа поднесуваат неосновани интерпелации

Пратеникот во Собранието и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во денешното гостување во емисијата „Утрински Брифинг“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се синоним за криминал и корупција, па оваа партија како да се исплаши од почетокот на процесот на прочистување на судството па веднаш поднесе неосновани интерпелации за министерот Бојан Маричиќ и вице-премиерот Љупчо Николовски.

„Сите се сеќаваме како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше кога се носеше Законот за јавно обвинителство и кого се предлагаше за нов државен јавен обвинител. Таква партија која претставува синоним за криминал и корупција, е нелегитимно да поднесува какви било интерпелации или пак да зборува за спречување на корупција, кога изворот на корупција и криминал е токму во седиштено на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме поранешни и сегашни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се соочуваат обвинителни акти и не гледам зошто една таква партија освен заради страв поднесува вакви интерпелации“ посочи Костадинов.

Костадинов додаде дека и овие како и претходните поднесени интерпекации ќе бидат неуспешни затоа што парламентарното мнозинство ги има предвид сите околности.

„Интерпелациите на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа уште пред да започнат. Најавата за интерпелациите дојдоа од пратеничката Гордана Силјановска Давкова која е единствениот министер во државата, а за што постојат и стенограмски белешки, која самата на себе си има доделено фри-шопови, а истата таа Силјановска денес поднесува интерпелација затоа што замислете, не е задоволна од борбата против корупцијата“ заклучи Костадинов во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Фото:СДСМ

На почеток