Слајдер

Иницијатива за спас на ФК “Вардар“бара средба со Шилегов, во меѓу време се спроведува донаторската кампања

Иницијатива за спас на ФК “Вардар“ од страна на Културно – просветно друштво “Вардар“ испрати писмо до градоначалникот на град Скопје, г – дин Петре Шилегов. Во писмото се вели:

-Пред известно време, раководството на ʺКултурно – просветно друштво Вардарʺ , имајќи ја во предвид тешката финансиска криза во која се наоѓа нашиот најголем фудбалски бренд ФК Вардар, зема решение за започнување на донаторска кампања ʺЕден за сите, сите за Вардарʺ.
Оваа наша иницијатива беше пресретната со исклучително силен и позитивен одзвук во медиумите и меѓу приврзаниците на ФК Вардар.
Во самото наше соопштение до медиумите пред македонското општество ветивме, пред да се започне со донаторската кампања да одржиме средба со Вас, во својството на Градоначалник на град Скопје и со претставници на ФК Вардар.
Целта на оваа средба е создавање на иницијативен комитет кој ќе ја организира и спроведува целата донаторска кампања. На мнение сме дека иницијативниот комитет треба да изготви промотивно видео со цел кампањата да стигне до максимален број на приврзаници и поддржувачи на ФК Вардар. И не на последно место, уточнување како соберените средства од донаторската кампања да одат само и единствено за потребите за непречено функционирање на ФК Вардар.
Во очекување на најудобниот за Вас термин за оваа средба, Ви посакуваме се најдобро и успех во работата.

Инаку Иницијативата за спас ќе се одвива под мотото „Еден за сите, сите за Вардар“.

фото: Архива

На почеток