Македонија

Охриѓанец, дипломиран археолог го чисти Охридското Езерото од секаков отпад

Кади, врати од туш кабини, пластични канти од отпадоци, троседи, се само дел од работите кои екологостите ги наоѓаат во водите на Охридското Езеро, нешто што во целост ја открива негрижата за богатствата со кои располага земјава, со посебен акцент на водите, а во ризик го доведуваат и биодиверзитетот и во исхраната на живиот свет во езерото, објави А1 ОН.

Никола Паскали е дипломиран археолог, со специјалност подводна археологија. Тој е истражувач, спелео нуркач, фотограф и екологист, иако се води како невработен. Паскали активно вклучен во експедициите на пештерата Врело на Матка од 2011, и нурка од свои 12 години, нешто што му е останато како наследство од татко му, кој е нуркач од 80-тите години.

Да се вади отпадот од езерото кое е гордост и богатство на Македонија, најверојатно не е лесно, за што потврдува и самиот Паскали, раскажувајќи за „А1он“ со какви предизвици се соочува, борејќи се да ја зголеми свеста за грижата на водите во Македонија. Но, како што вели тој, борејќи се за една цел, во прашање се доведува друга.

„Ние овие активности ги работиме веќе 15 години, а последниве неколку години настапуваме поагресивно со цел да ги поттикнеме и другите граѓани да се вклучат активно во чистење на целата наша држава, бидејќи како што гледаме, целата наша држава е една депонија. Не се само водите, видете насекаде. Од градежен шут, пластични шишиња, се и сешто. Многу нелогично е кога ние ќе исчистиме одредено место, отпадот го фрламе во депонираме со комуналните претпријатија и тој истиот отпад се носи во депонија и се гори, па добиваме загаден воздух. Нема никаква логика. Ние со самото вадење на пластично шише, автомобилска гума, пластична лименка, освен добро, изгледа правиме и лошо“, раскажува Паскали.

Текстот во целост на: А1 ОН.

На почеток