Актуелно

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Предвидено е да бидат доделени 500 садови од 120 литри на домаќинствата со непарни броеви од улиците: „Димо Хаџи Димов“, „Париска комуна“, „Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ и на домаќинствата со парни броеви од улицата „Момчило Јорданоски“.

Оваа активност е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа и има за цел да влијае на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Граѓаните ќе можат да ги подигнат садовите за депонирање во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„АСНОМ“.

 

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток