Македонија

Република: Советникот на Заев, Башановиќ е газда на половина Македонија

Претседателот на Србија Алекандар Вучиќ проговори за односот со Зоран Башановиќ, бизнимен од Србија.

Тие се кумови, но неколку години не се во најдобри односи. Башановиќ е интересен за македонската јавност како поранешен советник на премиерот Зоран Заев и тоа за хонорар од 1500 евра месечно.

Но, покрај тој хонорар Башановиќ има многу бизниси низ Македонија за што посведочи и самиот Вучиќ, пренесува порталот Република.

Името Башановиќ  се споменуваше во неколку афери, како во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. За време на судењето медиумите тврдеа дека 1,5 милиони евра од рекетот Боки 13 му ги однел токму на Башановиќ, потсетува порталот  Република.

фото: Архива

На почеток