Откако ѝ беше украден тракторот пред десетина дена, самохраната мајка Кристина Бошкоска (48) заедно со нејзините три малолетни деца од страв го напушти семејниот дом во прилепското село Небрегово. Засолнета е во друга куќа кај роднина на нејзиниот покоен сопруг плашејќи се дека крадците, кои полицијата уште не ги фатила, може да се вратат. Тракторот со кој таа ги обработувала нивите со тутун, обезбедувајќи приходи за семејството, пред десетина дена ѝ беше украден од дворот на семејната куќа во село Небрегово, објави СДК.МК.
Полицијата потврди дека имало кражба и велат дека работат на случајот. За детали за истрагата се обративме и до Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје, но нема одговор.
Текстот во целост на: СДК.МК.