Македонија

Утре ќе се расправа дали ќе биде разрешена врховната судијка, Лидија Неделкова

Судскиот совет, на утрешната седница, ќе расправа по „Извештај од Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“. Според неофицијални, но упатени извори, станува збор за постапката против врховната судијка, Лидија Неделкова, а во споменатиот извештај се препорачува таа да биде разрешена од судиската функцијата, објави 360stepeni.mk. 

Постапката против судијката Лидија Неделкова се водеше по претставка од сега веќе разрешениот врховен судија Јово Вангеловски. Според неодамнешна изјава на судијката, претставката не била поврзана со (не)постапување по одреден предмет, туку:

„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување, туку негов аспект околу работните односи, користење на работното време, значи нема врска со никаков предмет“,  изјави Лидија Неделкова на 27 јануари 2021 година.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

На почеток