Половина од новозаболените од коронавирусот го имаат британскиот мутиран сој на КОВИД 19, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Топ Тема. Министерот изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против КОВИД-19.
-Од денешната статистика, регистрирани се 347 нови случаи од направени 2383 тестови, што значи 15 отсто. Починале седум лица.
фото: Архива