-Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако чќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите.
Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.
Новиот протокол за работа на рестораните за свадби е изготвен. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број.
Угостителите и свадбарите најавуваат протести следната недела доколку комисијата не ги прифати нивните барања, објави Сител.
фото: Архива