Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР, а во насока на континуирано подобрување на материјално-техничките услови и стандарди на работата на полицијата за потребите на Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, по дванаесет години им предаде на користење нова мотоциклистичка опрема, а за прв пат добиваат два вида на опрема зимска и летна – триесет комплети, наменета за полициските службеници во оваа организациска единица на министерството.
Станува збор за опрема (чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, маици) чија што вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари , односно по 132.931 денари за еден комплет.
Практично со ваквиот континуитет и динамика во опремувањето на полицијата во изминативе четири години, Министерството за внатрешни работи од сопствени средства, од буџетот наменет за потребите на министерството, не само што го обновивме сето она што деценија и повеќе беше запоставено и недостасуваше за нормално работење на полицијата, туку уште повеќе – дел по дел, плански, генерално се подобри нивото и стандардите на материјално-техничката и инфраструктурна опременост на министерството во многу сегменти од неговото работење.
Видео: МВР