Македонија

Грипот „коси” во Македонија – на удар дечињата

90 заболени од грип во земјава во периодот од 26 ноември до 2 декември. Оваа статистика на Институтот за јавно здравје покжува дека има зголемување за 21,6 отсто споредено со предминатата недела.
Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.
Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.
Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток