ВМРО-Народна партија по трет пат ја повикува Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови, се вели во соопштението од ВМРО НП.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Ваквите тестови се продаваат во аптеките во скоро сите наши соседни земји, а како што разбравме, од неодамна во Германија таквите тестови можат да се купат и во маркетите.
Овие тестови покрај тоа што се многу поевтини, даваат и брза информација на секоја личност за неговата состојба со што се овозможува директен прекин на ланецот на ширење на заразата.
Со воведувањето на овие тестови македонскиот граѓанин може само да добие, а никако да изгуби.
фото: Архива