Македонија

Тепачка на две групи малолетници во Струга

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера, околу 15.30 часот нарушен бил јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале две групи од неколку малолетни лица.
Еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09.10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо”. Истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток