Еве ја несреќава без компас Петре Шилегов, ќе го бришел и Адолф Циборовски, полскиот архитект испратен од Обединети нации за планирање и надгледување на постземјотресно Скопје.
Како може да си ја враќаш твојата улица ,,Мексичка” човече, а да го бришеш Циборовски во Хром⁉️
По Горан може друга, нова улица да биде именувана, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
Јоци во објавата додава:
И дипломатски скандал ќе направиш на крај со пријателска Полска, од што правиш глупости со улициве, место да работиш. Улиците ти се решето со дупки на секој чекор од солта.
Нека се јават скопските здруженија на архитекти да му реагираат за оваа негова нова глупост!
ℹ Адолф Циборовски за Скопје, во 1985:
,,Мислам дека од првите часови на катастрофата, немаше да има успех, без огромниот удел на вашите мајки, сестри и жени. Победата во Скопје, во голем дел е победа на жените, кои со нивната положба, подготвеност, секојдневната помош и залагање, ни помогнаа да го изградиме овој град. Тие не го градеа физички, туку во морална смисла. И, затоа, треба да им бидете благодарни.”
извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци