Македонија

ДЗС: Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.5.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14.3 %, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.6 %, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.8 %, млекото за 0.6 %, другите пекарски производи за 0.3 %, брашното и другите жита, јогуртот за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, информатичката опрема за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата за 0.4 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 6.0 %, замрзнатото овошје за 2.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.6 %, сирењето и урдата за 0.9 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, конзервираното овошје за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, месото, рибата и морските плодови за 0.3 %.

Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2.3 %, парамедицинските услуги за 2.1 %, обувките за 1.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 1.9 %.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток