Македонија

Опожарени автомобилите на двајца вработени во Шумска полиција Охрид

На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00.05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: Архива

На почеток