Македонија

Јанчев го исчисти воздухот во Кавадарци

Градоначалник на Општина Кавадарци,Митко Јанчев вечерва се пофaли нa својот Фејзбук профил дека Методот на аеросолизацијата кој се применувa во Општината со цел да се исчисти загадувањето, се покажа повеќе од успешен.

„Ова се ефектите од методот на аеросолизацијата во Општина Кавадарци. Денес со работа се започна во 17:30 часот и ќе се работи до 23 часот со две машини кои вршат аеросолизација“, напиша Јанчев на ФБ.
Инку , овој метод е еден вид на аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот. Истиот з прв пат во Квдарци се примена синоќа. Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Може да се додадат и хемикалии, за поголема ефикасност, на пример калицум и друго. Се влече со возило, атомизерот е приклучен елемент за трактор, или возило за специјална намена – појасна Јанчев за ,,Фокус”.

Тој додава дека не се работи за некоја скапа апаратура, и еден примерок кој што носи 1.000 литри вода изнесува околу 2.500 евра.
-Јас го имам во семејната компанија, но го отстапив на користење за потребите на градот. Обично се користи за прскање во земјоделие, треба само температурата да не е под нулата, поради мрзнење – раскажува градоначалникот.

Околу тоа како дошол на оваа интересна идеја, за која вели дека веднаш ги дала резултатите, додава дека заедно со неговиот тим во општината истражувале на темата.

Кавадарци и пред неколку месеци воведе мерки за намалување на загаденоста на воздухот, давајќи им на граѓаните субвенции за енергетско ефикасни грејни тела, односно им надомести дел од трошоците за печки на палети и инвертер клими. Целта беше да се стимулра населението за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток