Видео и Фото

(ВИДЕО) Какво е загадувањето во Охрид ?

Гасификацијата остана само изборно ветување !

Синоќешните податоци за загадувањето на Охрид кои беа измерени на единствената мерна станица која е поставена кај плажата Куба Либре ( која е надвор од урбаната зона на градот во која живее населението и ги грее домовите ) предизвика лавина најразлични коментари, од оние дека воздухот во Охрид навистина го изгубил квалитетот, до такви кои тврдеа дека се работи за лажен податок и сензационализам во пласирањето вести.

Охрид1 објавува видео од панорамата на Охрид, на кое се гледа како оџаците од куќите и од зградите чадат и го полнат воздухот со смог и честички.

По овие видеа повторно ќе се отвори прашањето : Каков е воздухот во Охрид кој со децении се декларираше како воздушна бања ? !

Најголем дел од граѓаните во Охрид се греат на дрва, а последните години се повеќе граѓани преминуваат на греење на пелети.

ВИДЕО:

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток