Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи кои поради спуштање на постуден воздухо од север и на некои пониски места ќе бидат од дожд и снег. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на планините ќе се формира и снежна покривка.
Минималната температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневните температури ќе се движат од 0 во Маврово и Берово, Охрид 2, Битола и Крива Паланка 4, Скопје 5 до 6 во Кавадарци и 7 во Гевгелија.
Во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток.